Go to content
This is the archive of the old University of Ljubljana website | Visit the new website
Home page
  1. Top news
  2. Information guide for international students
  3. Bachelor's and Single-cycle master's degree programmes
  4. Master degree programmes
  5. Doctoral degree programmes
  6. Programmes and Subjects in English
  7. International Cooperation and Exchange
  8. Impressions
  9. Career centres, tutelage, extracurricular activities
  10. Summer school 2024
  11. Young Researchers
  12. Latest research news
  13. Student council
  14. University of Ljubljana member faculties and academies
  15. University ranking
  16. Useful contacts and quick overview
  17. Year plus
  18. Students with special needs and special status
  19. Mental health
  20. Admission procedure

ИЗБЕРЕТЕ ГИ ВИСТИНСКИТЕ СТУДИИ ЗА ВАС - ЗАПИШЕТЕ СЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЉУБЉАНА

Студентите од Северна Македонија студираат под еднакви услови како и словенечките студенти

Универзитетот во Љубљана е најголем и најстар универзитет во Словенија којшто се вбројува меѓу 3-те проценти најдобри во светот. Оваа учебна година на него студираат речиси 40 илјади студенти. Во последните неколку години, многу од странските студенти се од Северна Македонија. Оваа учебна година, на Универзитетот во Љубљана студираат 730 студенти, од кои 408 на додипломски студии и на униформни магистерски студиски програми, 284 на магистерски студии и 38 на докторски студии.


Словенија е посакувана дестинација со исклучителни искуства кои со задоволство ги споделуваме со вас. Таа е разновидна држава, во смисла на географија, историја. култура и јазик. За време на студиите, оставете време за откривање на чудесните зелени пејсажи каде што Алпите се среќаваат со Медитеранот и со Панонската Низина.

Словенија и Северна Македонија имаат склучено меѓудржавен договор врз основа на кој студентите од Северна Македонија се ослободени од плаќање школарина за додипломски и магистерски студии, освен ако веќе имаат стекнато еквивалентен степен на образование. Школарината е задолжителна за сите вонредни студенти и студентите на докторските студии, со можност за кофинансирање на докторски студии.

Универзитетот во Љубљана има 23 факултети и 3 уметнички академии од областа на општествените, хуманистичките, медицинските, технолошките науки, како и од уметноста и спортот, сите во согласност со Болоњскиот процес. Тоа дека нудиме студии во сите области на науката и уметноста станува се поретко и во глобални рамки. Нашата цел е студентите да ги користат стекнатото знаење и компетенции на најдобар можен начин во практиката. За време на студиите, студентите може да учествуваат во различни проекти и да станат дел од разновидната меѓународна заедница на професори и студенти.

Во споредба со другите држави, студентите во Словенија имаат доста поволности. Имаат субвенционирана храна и превоз и можат да се занимаваат со студентска работа. »Особено за странските студенти, на почетокот на учебната година, организираме ден за прием, на кој студентите добиваат информации од прва рака за студирањето при Универзитетот во Љубљана како и за животот во Љубљана и Словенија и со помош на тутори и други активности за поддршка им нудиме помош во вклучувањето во студиите и животот во Словенија. За полесно пристигнување во Словенија и започнување на студиите при УЉ, исто така изготвивме водич за добредојде« вели ректорот на Универзитетот во Љубљана, проф. др. Грегор Мајдич.

Нашата веб-страница ги содржи сите информации во врска со студирањето при Универзитетот во Љубљана – од расположливи студиски програми, услови и рокови за упис, дополнителни активности, кариерни можности итн.
 

Fotografija: IFP d. o. oФото: IFP, d.o.o.

ПОВИК ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2024/2025

Сите информации за распишаните места може да се најдат на Повикот за упис.

Заинтересираните кандидати доставуваат пријава за упис со сите потребни прилози на portal eVŠ. Информации за роковите за пријавување има на нашата веб-страница. Ве повикуваме да ги погледнете видео-презентациитеза пријавувањето и доставувањето на соодветната документација.

Пријавите за 1-ва година на додипломски и на униформни магистерски студии кандидатите од Северна Македонија ги доставуваат електронски на веб-порталот eVŠ до 19 април 2024 година. Кандидатите кои се уште не завршиле средно образование ќе достават документи за признавање на средното образование до 1 август 2024 година, а оние кои веќе го завршиле до 19 април 2024 година.

Роковите за пријавување на магистерски и на докторски студиски програми се разликуваат и тие се објавени во Повикот за упис. Предлагаме да го проверите рокот за упис за посакуваната студиска програма. Исто така ве покануваме на учествувате на инфо-деновите за магистерски и докторски студии и да ги поставите сите ваши прашања.

Помош при постапката за упис и прием може исто така да се добие во рамките на Инфо-точката. Може да се пријавите и за онлајн консултации за постапката за упис на додипломски студии. Напоменуваме дека уписот при Универзитетот во Љубљана не налага користење на услуги од агенти и агенции за упис.

»Изборот на студии е една од најважните одлуки во вашиот живот. Предлагаме добро да размислите за тоа што ве прави среќни, зашто полесно се студира така. Посетете ги веб-страниците на факултетите што ве интересираат како и нивното присуство на социјалните мрежи. Ако ви треба помош или совет, контактирајте не или закажете онлајн консултации. Ќе се потрудиме да ги обезбедиме сите информации и одговори на прашањата што се уште ги имате. Ве повикуваме да не посетите навиртуелниот саем на образование "НА КОЈ ФАКУЛТЕТ ЌЕ ОДИШ?" и да ги погледнете виртуалните штандови каде што се претставуваат сите членови на Универзитетот во Љубљана (3 академии и 23 факултети). Исто така имаме подготвено разни веб-презентации, кои може да ви помогнат да се одлучите што да студирате. Во името на Универзитетот во Љубљана ви пожелувам успешно завршување на студиите и натамошно напредување во кариерата и се надевам дека ќе ве пречекам во Љубљана на есен.« вели ректорот на Универзитетот во Љубљана проф. др. Грегор Мајдич.


Дополнителна година и можност за учење на словенечки јазик

Бидејќи студиите се држат на словенечки јазик, а на некои студиски програми и на англиски или на други јазици, за полесно вклучување во словенечката средина и поуспешно студирање, странските студенти имаат можност да ја олеснат својата интеграција во словенечката средина и да студираат поуспешно со Година плус. „Година плус“ е склоп на содржини и предмети (покрај словенечки јазик) кој по исполнувањето на одредените услови им овозможува на странските студенти да го продолжат статусот на студент.

Има и разни курсеви по словенечки јазик, кои се одвиваат во живо или онлајн во форма на есенски, зимски, пролетни и летни школи како и бесплатниот онлајн курс Slonline. На Св. Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје исто така има лекторат за словенечки јазик.

Летни школи

Секоја година Универзитетот во Љубљана организира разни летни школи од различни подрачја: од бизнис и економија, право, општествени науки, до уметност, ветерина, теолошки и технолошки науки. Во рамките на летните школи од областа на словенечкиот јазик учесниците можат да го научат и подобрат својот словенечки јазик, а летните школи се и добра можност да се запознаат со словенечката култура и средина. Некои летни школи се наменети за ученици од основните училишта, други за ученици од средните училишта, за студенти на додипломски и постдипломски студии, како и за истражувачи и професори.

Искуства од странски студенти на Универзитетот во Љубљана

Универзитетот во Љубљана е отворен универзитет и сакаме колку што може повеќе странски студенти. Студентите се нашите најдобри амбасадори и затоа собравме различни впечатоци од студенти за студирањето при Универзитетот во Љубљана и за животот во Словенија и тие може да се најдат на нашата веб-страница.
 


Kristijan PopovskiКристијан Поповски, студент на додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

По завршувањето на моето средно образование во Скопје, одлучив да се преселам во Љубљана за да продолжам со своите студии. Во последните две години, активно сум вклучен на Универзитетот во Љубљана и денес држам неколку места, вклучувајќи и тоа што сум претставник во универзитетските комисии, претставник на студиите од втора година при Економскиот факултет, амбасадор на меѓународните студенти, основач и водач на иницијатива на македонските студенти во Словенија, како и тутор за студенти. Пред да дојдам во Словенија, значително време поминав во мерењето на моите опции и размислувајќи за тоа дали Универзитетот во Љубљана е вистинскиот избор за мене. Како и многу други студенти, одлуката да си одам од дома ми беше предизвик и значајна раскрсница во мојот живот. Сепак, кога се навраќам во мислите на моето искуство, благодарен сум на таа одлука, зашто ми даде одлична можност за личен и професионален раст. Моите две години во Љубљана беа исклучителни. Го истражив градот, стекнав нови пријатели и открив дека Универзитетот во Љубљана нуди многу можности за студентите. Од субвенционирани оброци до воннаставни програми за личен и професионален развој, сфатив дека универзитетот ги смета за приоритет потребите на студентите. Еден од најкорисните аспекти од студирањето на Универзитетот во Љубљана беше ангажманот со искусни професори и успешни деловни луѓе. Преку предавања и дискусии, научив корисни вештини што секојдневно ги користам во своите студии и во личниот живот. Универзитетот се гордее со своите меѓународни програми, а студентите можат да ги користат целосно опремените простории, библиотеки и лаборатории. Воннаставните акредитирани програми нудат можност за личен и професионален развој и организациите им даваат на студентите платформа за изразување на нивното мислење и за соработка во рамките на универзитетот. Овие организации, исто така, нудат обука и активности во најразлични области како што се културата, уметноста, спортот, здравјето, одржливоста и животната средина. Од моето искуство сфатив дека студирањето во нова средина може да биде предизвикувачко, но тоа исто така нуди богатство на можности за личен раст и кариерен развој. Оттука, навистина препорачувам да се искористат можностите што ги нуди Универзитетот во Љубљана заради максимум искуство и постигнување на вашите цели. Како заклучок, благодарен сум за искуствата што ги добив на Универзитетот во Љубљана. Беше одлична можност за личен и професионален раст и вистински го препорачувам на сите кои размислуваат да студираат таму.

 

Информации за студирање при Универзитетот на Љубљана

Сите информации за студиите може да се најдат на веб-страницата на Универзитетот во Љубљана.

Контакт:

  • Техничка помош за пополнување на пријавата за упис: , + 386 1 478 85 90
  • Процедура за пријавување и прием:
  • Признавање на странско средно образование:
  • Признавање на странско образование за упис на магистерски и докторски студии и за префрлување: ве молиме да го контактирате овластеното лице на релевантниот факлутет/академија
  • Докторска школа: uni-lj.si/doctoral_school
  • Година плус:
  • Курсеви по словенечки јазик:


FB: @unilj
IG: @univerza_v_ljubljani
LinkedIN: @University of Ljubljana
Youtube: Универзитет во Љубљана / University of Ljubljana


1. Словенија
Население: 2 милиони
Површина: 20,273 км2
Главен град: Љубљана
Официјален јазик: словенечки
Валута: Евро
Политички систем: демократска република
Членка на Европската унија од 2004 година
Највисок врв: Триглав (2864 m)
Крајбрежје: Јадранско Море (47 км крајбрежје)
 
2.  Љубљана
Главниот град на Словенија
Површина: 275 км2
Население: 293.822
Просечната температура во јануари: околу 0 °C
Просечната температура во јули: над 20 °C
Когресниот плоштад е еден од главните плоштади во Љубљана, на кој исто така е и седиштето на Универзитетот во Љубљана
 
3.  Универзитет во Љубљана
Со 23 факултети, 3 уметнички академии и воспоствен во 1919 година, Универзитетот во Љубљана е најстара високообразовна и научно-истражувачка институција во Словенија. 

Трите уметнички академии нудат дипломски програми од областа на музиката, ликовната уметност, дизјанот, радиото, филмот и телевизијата. 
1. МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА: Музичката академија нуди две додипломски програми: Музички уметности, со своите 26 основни студиски можности и Музичко образование, како и четири магистерски програми: Инструментално и вокално образование (22 основни студии), Музички уметности (достапни се 26 основни студии), Музичко образование и музичко теоретско образование (3 основни студии). Достапни основни студии се следниве: Хармоника, Фагот, Хорско диригирање, Кларинет, Композиција и теорија на музика, Контрабас, Флејта, Гитара, Харфа, Чембало, Хорна, Обоа, Оркестарско диригирање, Оргули, Ударни инструменти, Пијано, Рикордер, Света музика, Саксофон, Пеење, Тромбон, Труба, Туба и сродни инструменти, Виола, Виолина, Виолончело, Џез. Истражувачката група на Академијата им се придружува на научниците и истражувачите кои работат со истражувачки прашања во областите по предметна наставна методологија, музикологија, теорија на музика, композиција и музичка изведба.

 

 2. АКАДЕМИЈА ЗА ТЕАТАР, РАДИО, ФИЛМ И ТЕЛЕВИЗИЈА: Академијата за Театар, Радио, Филм и Телевизија беше основана во 1945 година. Од 1975 година, таа е една од 26 членки на Универзитетот во Љубљана. Наставниот процес на Академијата е комбинација на уметничка и истражувачка дејност и силно се темели на поединечно туторство. Дипломските програми се темелат на уметничка, креативна и практична основа. Нивната цел е да ги обучат студентите за обезбедување и спроведување на различни уметнички проекти од нивната соодветна област. Практичните аспекти на уметничката обука се комплементарни со модули за истражување и теорија и вклучуваат голем број на факултативни избори. Под темелно водство на висококвалификувани универзитетски предавачи, Академијата има за цел да го подобри процесот на студирање со тоа што поканува истакнати уметници и професионалци од областа на театарот, филмот и телевизијата да ја споделат својата експертиза и практичното искуство. Наставниот процес на Академијата ја почитува традицијата, но се стреми исто така да вклучи истражување и иновативни приоди.

 

 3. АКАДЕМИЈА ЗА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ И ДИЗАЈН: Академијата за ликовна уметност и дизајн (ALUO) се гордее со својата традиција. Воспоставена е на 27 октомври 1945 година како Академија за ликовна уметност која нуди курсеви по сликарство и скулптура. Со текот на годините, Академијата го менуваше своето име и ги прошируваше своите дејности во согласност со својот развој. Во 1984 година, студиите се проширија со вградување на индустриски дизајн и визуелни комуникации, по добри десет години се воведе и конзервација/реставрација. Студентите може да изберат од неколку програми: Сликарство (Сликарство, Видео и Нови медиуми), Скулптура, Конзервација и реставрација на уметнички дела, Индустриска и применета уметност (Индустриски дизајн, Применети уметности), и Дизајн на визуелни комуникации (Фотографија, Графички дизајн, Илустрација).

 

 Полето на природни науки, технологија и инженерство се состои од 10 факултети кои нудат единствени програми што ги подготвуваат студентите за кариера во области со висок раст.

4. ФАКУЛТЕТ ПО АРХИТЕКТУРА: Факултетот по архитектура во Љубљана вообичаено се смета за еден од најдобрите архитектонски школи во Средна Европа. Потврда за неговиот квалитет доаѓа од безброј успешни студенти и дипломци кои често постигнуваат завидни резултати во земјата и во странство. Дипломците се познати по нивното општо и професионално профилирано знаење како и по системскиот проектен приод што овозможува вработување во различни полиња на уметнички и архитектонски потфати. Архитектонскиот факултет обезбедува едноциклучна дипломска програма по архитектура, додипломски и дипломски програми по Урбанизам како и докторски студии по архитектура.

 

5. МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ: Машинскиот факултет обезбедува образование на сите нивоа на степен. Кај додипломските студии, се спроведуваат програми за професионален степен како и за универзитетски степен. Првата е посветена на стекување знаење од поширок опсег на машинството, обезбедувајќи им на дипломците соодветни вештини за вработување веднаш. Втората програма е поделена на дисциплините Енергетско инженерство, Процесно инженерство, Дизајн на машини и уреди, Дизајн на индустриски системи, Производни технологии, Производно инженерство, Мехатроника, Пилот за авио-транспорт, Дизајн и одржување на авиони. Универзитетската програма е посветена на стекнување основно знаење што претставува соодветна почетна точка за истражувачки студии на магистерско ниво.

 

6. ПРИРОДНО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ: Природно-техничкиот факултет има четири катедри: Катедра по геологија, Катедра по геотехнологија, рударство и животна средина, Катедра по материјали и металургија и Катедра по текстил, графичка уметност и дизајн. На сите овие катедри можно е да студираат поединечни дисциплини на сите нивоа. Во студиските полиња влегуваат графика и медиумски комуникации, текстил, моден дизајн, материјали и металургија, геологија и геотехнологија, рударство и животна средина.

 

7ГРАДЕЖЕН И ГЕОДЕТСКИ ФАКУЛТЕТ: Градежниот и геодетскиот факултет образува професионалци на сите три степени со цел да се обезбеди функционалност на изградената средина и оптимален развој на односите меѓу општеството, изградената средина и природата. Дипломските програми од областите на градежништвото, водостопанството и инженерството за животна средина, геодезијата и геоинформациите, просторното планирање и зградите се одлична гаранција за новите генерации студенти да ја поминат својата кариера ангажирани во интересни и инспиративни проекти во соработка со засегнатите чинители. Со неодамнешната економска ревитализација, особено во градежниот сектор, побарувачката за овие професии значително се зголеми поради што се нуди добра можност за вработување во Словенија и во странство.

 

8. БИОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ: Студиите на Биотехничкиот факултет се организирани на сите три нивоа, додипломски, магистерски и докторски студии и ги опфаќаат соодветните области: агрономија, производство на животни, биологија, биотехнологија, наука за храна и исхрана, шумарство и обновливи шумски ресурси, пејзажна архитектура, микробиологија, дрвна наука и технологија, агрономија и хортикултура, сточарство, шумарство и дрвно инженерство. Студиите му даваат посебен акцент на практичната работа во лабораториите и на терен. Истражувачката дејност на Биотехничкиот факултет опфаќа широк спектар на биотехнички науки (животни науки). Истражувачите се ангажирани во основни и применети истражувања и во ваква форма интензивно соработуваат во практика.

 

9. ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ: Електротехничкиот факултет нуди академска дипломска програма по електротехника, програма за професионален степен по применета електротехника и дипломска интердисциплинарна програма по мултимедија. Покрај овие програми со степен, Електротехничкиот факултет, исто така, нуди натамошна професионална обука и дополнително образование. Посебно внимание му се посветува на образованието на помладите истражувачи кои се воведуваат во истражувањето и во наставата.

 

10.  ФАКУЛТЕТ ПО ХЕМИЈА И ХЕМИСКА ТЕХНОЛОГИЈА: Дипломските програми што се нудат на Факултетот за хемија и хемиска технологија ги опфаќаат сите важни аспекти на хемиските науки, додека, пак, техничката безбедност дури и ги надминува строгите граници на хемијата. Дипломските програми ја нудат следната основна содржина: хемијата е една од централните природни науки која ја проучува материјата, нејзиниот состав, структура, својства и материјалните промени. Хемиското инженерство е основна техничка дисциплина што овозможува рационално спроведување на хемиски или биохемиски процеси во производството на корисни материи. Биохемијата ја претставува врската меѓу хемијата и биологијата: таа ги објаснува животните процеси на молекуларно ниво и ја истражува структурата и активноста на биолошките молекули. Техничката безбедност станува еден од основните елементи на квалитетот и сигурноста на производните процеси.

 

11. ФАКУЛТЕТ ЗА КОМПЈУТЕРСКИ И ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ: Основната дејност на Факултетот за компјутерски и информатички науки (ФРИ) е образованието за компјутерски науки на професионалци од различни профили, кои генерираат нови знаења и бараат решенија за тековни проблеми. Главните дипломски програми се посветени на компјутерските науки и информатичката технологија, но како дел од интердисциплинарната соработка со другите факултети, Факултетот нуди и заеднички дипломски програми од областа на компјутерските науки и математиката, административната информатичка технологија, мултимедијата и интердисциплинарните области на когнитивните науки и бионауките. Преку разновидни програми, на студентите им се нудат основни и практични знаења потребни за работа во професијата, додека изборните димензии на програмите обезбедуваат широко образовани дипломци и висококвалификувани професионалци.

 

12. ФАКУЛТЕТ ЗА МАТЕМАТИКА И ФИЗИКА: Главната мисија на Факултетот за математика и физика е високото образование, научно-истражувачката работа, стручната работа и развојот во областа на двете основни природно-математички науки, математиката и физиката. Факултетот за математика и физика нуди образование на сите нивоа на степен. Додипломската програма спроведува две професионални програми, Практична математика и применета физика, и три академски дипломски програми, Финансиска математика, Математика, Физика и едноциклични магистерски студии по Математичко образование. Заедно со Факуклтетот за компјутерски и информатички науки, Факултетот спроведува интердисциплинарни студии по Компјутерски науки и математика. На додипломски и постдипломски нивоа, студентите по математика и физика имаат креативни, оригинални и флексибилни умови. Поради тоа тие се успешни и барани во многу полиња како на пример, истражување, образование, индустрија и финансии.

 

13. ФАКУЛТЕТ ЗА ПОМОРСКИ СТУДИИ И ТРАНСПОРТ: Факултетот за поморски студии и транспорт нуди дипломски програми за сите степени. Додипломските програми вклучуваат академска дипломска програма за Сообраќајна технологија и логистика, а програмите за професионален степен се во областа на поморското инженерство, Наутичките студии и Сообраќајната технологија и транспортна логистика, со општи изборни курсеви и изборни предмети од областа на логистиката, патниот сообраќај, железничкиот сообраќај, поморскиот сообраќај и воздушниот сообраќај. 

 

Студентите може, исто така, да одлучат да студираат на еден од осумте факултети од областа на хуманистичките и општествените науки коишто поттикнуваат отворено и критичко мислење.

14. ФАКУЛТЕТ ПО УМЕТНОСТ: Факултетот по уметност е најважната национална универзитетска образовно-истражување институција за хуманистички и општествени науки. Образува студенти и креира супериорни интелектуалци со отворен и критички ум во областа на хуманистичките и општествените науки како и кај образованието на наставници во областа. Посебно внимание посветува на зајакнувањето на дисциплините од национална важност при тоа обликувајќи го словенечкиот идентитет. Подразбира научно знаење во студискиот процес така што ја надградува традицијата давајќи и нов квалитет, основен за словенечката самосвест и за креативното присуство на факултетот на меѓународен план.

 

15.   ТЕОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ: Теолошкиот факултет е еден од со-основачите на Универзитетот во Љубљана. Студиите и научно-истражувачките активности се одвиваат во Љубљана како и во неговото одделение во Марибор. Теолошкиот факултет има за цел да квалификува студенти за критична рефлексија за темите како што се општествена реалност, трансценденција, интерперсонални односи, религија, откровение, канонско право, морал и образование. Обезбедува знаење од областа на хуманистичките и општествени науки, главно низ перспективата на филозофските и теолошките дисциплини. Последниве вклучуваат библиско-егзегетичка теологија, историска теологија, систематска теологија и практична теологија. Во рамки на бракот и семејните студии, на своите студенти им нуди знаење за консултации, инструкции, истражување и превентивна работа во различни области на бракот и семејните прашања.

 

16. ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ: Правниот факултет е основан во 1919 година и е еден од основачките факултети на Универзитетот во Љубљана и најголемиот правен факултет во Словенија. Факултетот се стреми да им овозможи на своите студенти да совладуваат поединечни правни области, како и целокупната структура на правниот систем, и да ги опреми со методи на правна анализа и расудување што ќе им овозможи да решаваат практични правни проблеми. Исто така има за цел да го негува нивниот поширок интелектуален развој и критичко мислење, рефлектирајќи ги и преиспитувајќи ги основните вредности на правниот систем.

 

17.  ФАКУЛТЕТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА: Преку додипломска, магистерска, докторска и континуирана едукација, Факултетот за социјална работа нуди знаења и обуки за професионални задачи и услуги во социјалната заштита и други области каде што се потребни знаењата и вештините на социјалните работници. Факултетот за социјална работа има развиено основни форми и методи на современата социјална дејност како што се советувањето, групната работа, општокорисната работа и работа со семејства. Достигнувањата во областите на волонтерство, акциско истражување и квалитативното истражување воопшто одиграа важна улога во словенечките општествени науки. Факултетот за социјална работа има развиено посебни образовни полиња за работа со повозрасни лица, семејства, млади, луѓе со ментални нарушувања, луѓе со попреченост, етнички малцинства и други. Значаен дел од дипломската програма вклучува практична работа.

 

18. ФАКУЛТЕТ ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: Факултетот за администрација има најдолга традиција за образование во областа на администрацијата во Словенија. Факултетот им обезбедува на своите студенти знаење и практично искуство за тие да можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Во областа на образовните програми за јавна администрација, Факултетот за администрација е единствениот словенечки факултет наградуван од најпрестижното Европско здружение за акредитација на јавна администрација (EAPAA) за додипломски програми и за магистерски студии. Додипломските програми се модерни, насочени програми, кои обезбедуваат интердисциплинарни знаења од областа на администрацијата, организацијата, правото, економијата, управувањето и информатичката наука. Студентите може да го развијат и продлабочат своето знаење и вештини со магистерските и докторските дипломски програми.

 

19.  ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ: Економскиот факултет е водечката образовна институција во областа на економијата и деловното работење во Словенија. Обезбедува меѓународно признати и споредливи дипломски програми на сите нивоа како и програми со двоен степен. Тој е единствениот факултет во поширокиот регион што е наградуван со меѓународните акредитации EQUIS, AACSB и AMBA, поради што влегува во групата на елитни тројно-крунисани училишта. Ова достигнување го рангира меѓу првите 1% од деловните и економските училишта во светот. Економскиот факултет пренесува знаење од економијата и деловните науки на над 5.300 студенти годишно. Нуди две додипломски програми, 17 магистерски програми, една докторска програма во областа на економијата и деловното работење и една програма со двоен степен. Исто така ја води програмата МБА, која е наградена со високоценетата меѓународна акредитација од AMBA (Асоцијација на МБА). Оваа програма им нуди на вишиот раководен кадар со долгогодишно искуство можност да ги надградуваат своите практични економски и деловни знаења.

 

20.  ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ: Педагошкиот факултет образува наставници и други стручни кадри во областа на образованието. Педагошкиот факултет образува најразлични професионалци, т.е., наставници за предучилишно и основно образование кои можат да научат да држат настава на англиски јазик во првите години од основното образование, наставници што се специјалисти за настава по два предмета и наставници за ликовна уметност. Обезбедувајќи дипломски програми по Социјална педагогија, Посебна и рехабилитациска педагогија и Говорно-јазична терапија, Факултетот образува специјалисти за инклузивно образование како и образование на деца и млади со посебни потреби. Педагошкиот факултет редовно организира континуирана и дополнителна обука на вработени наставници кои се веќе во образовниот процес.

 

21.   ФАКУЛТЕТ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ: 62 години, Факултетот по општествени науки, како еден од најголемите факултети по општествени науки, е водечка сила во областа на општествените науки во Словенија преку својата настава и истражувачка дејност кај широк спектар на основни и применети дисциплини. Во основните области - социологија, политички науки, комуникациски науки, новинарство и културни студии - наставниот кадар, исто така, постојано развива меѓународни односи, европски студии, одбрана, социјална информатика, маркетинг комуникации, односи со јавноста, антропологија, религиозни студии и многу други општествени научни дисциплини. Факултетот соработува со повеќе од 200 странски универзитети, институти и стручни асоцијации од областа на општествените науки. Значењето и важноста на факултетот го потврдуваат Институтот за општествени науки, централната библиотека за општествени науки „Јоже Горичар“ и издавачката куќа која работи во рамките на факултетот.

 

Исто така ги покануваме и потенцијалните студенти кои се заинтересирани за медицина, здравствени науки и спорт.

22.  ФАКУЛТЕТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ НАУКИ: Факултетот за здравствени науки е образовна и истражувачка институција од областа на осумте сродни здравствени науки. Нуди додипломско универзитетско образование по Санитарно инженерство и додипломски студии за високостручно образование по Лабораториска стоматолошка протетика, Акушерство, Образование за медицински сестри, Терапија за професионална деформација, Ортотика и протетика, Физиотерапија и Радиолошка технологија. За време на додипломските студии, студентите стекнуваат знаење и најважните вештини потребни за современиот пазар на труд. Дипломците поседуваат општо знаење од широк опсег на предмети. Тие се свесни за важноста на интердисциплинарната тимска работа како и за активната улога на пациентот во управувањето и третманот на нивните заболувања. За време на магистерските студии, студентите ги продлабочуваат и прошируваат своите знаења и/или ја подобруваат својата професионална компетентност преку други дисциплини. Програмата ги подготвува студентите за докторки студии, доживотно учење и независно научно истражување.

 

23.  МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ: Медицинскиот факултет им нуди на студентите едноциклична магистерска програма по Медицина и Стоматологија. Основната цел на едноцикличната магистерска програма по Медицина е обука на експерти за извршување на професионални должности и задачи од областа на медицината и давање здрава основа за натамошна професионална обука во областа на специјализациите и продолжување на студиите на докторско ниво. Основната цел на едноцикличната магистерска програма по Стоматологија е обука на експерти за извршување на професионални должности и задачи од областа на стоматологијата и давање здрава основа за натамошна професионална обука во областа на специјализациите и продолжување на студиите на докторско ниво.

 

24.  ФАКУЛТЕТ ПО ФАРМАЦИЈА: Факултетот по фармација е единствената високообразовна институција во Република Словенија што работи во областа на фармацијата и клиничката биохемија. Нуди едноциклична магистерска програма по фармација, како и додипломски програми по Лабораторија, Биомедицина и Козметологија. Фармацевтскиот факултет го следи концептот на високо образование во фармацевтските и биомедицинските науки. Сфаќајќи ги истражувањето и студирањето како два неразделни дела, студентите интензивно се поттикнуваат да учествуваат во истражување што, пак, резултира со одлични и високомотивирани дипломци. Фармацевтскиот факултет е признат на национално и на меѓународно ниво како научно-истражувачки ориентирана образовна институција насочена кон развој и иновации.

 

25. ФАКУЛТЕТ ПО СПОРТ: Факултетот по спорт е водечка образовна, професионална и научно-истражувачка институција во областа на кинезиологијата и спортот во Словенија. Спроведува три додипломски програми и три магистерски програми (една во соработка со Економскиот факултет), како и една докторска програма. На ниво на додипломски студии, образува професионалци за работа надвор од училишните спортски активности како и за спортски програми во приватниот сектор. Исто така образува спортски тренери и други професионалци за физичка подготовка во спортски организации како и во туристички и превентивни здравствени програми.

 

26.  ФАКУЛТЕТ ПО ВЕТЕРИНА: Ветеринарниот факултет спроведува едноциклични магистерски програми по Ветеринарна медицина со настава на словенечки јазик. Нема посебни ветеринарни курсеви организирани на странски јазик (англиски) за студентите однадвор. Студиите траат шест години и се состојат од вкупно 360 ECTS кредити. Датумот на полагање на испитот по предметот Судска и државна ветеринарна медицина е датумот на дипломирање, при што студентот се стекнува со професионалното звање: Доктор по ветеринарна медицина (ДВМ). Можни се постдипломски студии како дел од докторските дипломски програми по Биомедицина и Заштита на животна средина. Дипломците може да добијат дополнително професионално знаење со запишување во пет различни програми за напредна обука.

4.  Достигнувања
Меѓу најдобрите 3% од Универзитети во светот
 
5.  Универзитет во Љубљана
37.509 студенти
3.508 редовно запишани студенти од странство (2022/2023)
2.110 странски студенти на размена кај нас (2021/2022)
6.264 вработени
4.406 регистрирани истражувачи
370 млади истражувачи + 16 пост-док
186 долгорочни програми за истражување
585 ЕУ проекти
480 национални проекти 
 
6.  Меѓународни партнерства
573 спогодби
• 2.637 Erasmus спогодби
 
Области на соработка:
• Размена на ученици и вработени
• Заеднички истражувачки проекти и активности
• Заеднички конференции, семинари, работилници, симпозиуми, итн
• Заеднички програми, двојни дипломи
 
7.  Студиски програми 2022/2023
Додипломски студии и интегрирани магистерски студиски програми: 173 - ВРЕМЕНСКА РАМКА
Магистерски студиски програми: 215
Докторски студиски програми: 21
 
Структура:
3+2+3/4
4+1+3/4
5/6+3/4
Пребарај за програми
 
8.  Програми на англиски јазик
Додипломски студии и интегрирани магистерски студиски програми: 3
Магистерски студиски програми: 35
Докторски студиски програми: 21 (во случај, доколку се запишани и меѓународни студенти, предавачите и студентите го избираат јазикот, на кој ќе се одржуваат предавањата; меѓународните студенти и менторите комуницираат на англиски или друг странски јазик)
 
9.  Информативни денови

 10. Рокови за пријавување
Додипломски студии и интегрирани магистерски студиски програми

Магистерски студиски програми
Роковите за пријавување се објавени во огласот за запишување на секоја програма посебно (од мај до септември)
 
Докторски студиски програми
Рокови за пријавување од студиска програма до студиската програма се разликуваат (од мај до септември)

11.  Пријавата за упис и признавање на образованието во странство
• Кандидатот пријавата за упис и признавање на образованието во странство ги поднесува преку електронска апликација на порталот eVŠ
• Процес на аплицирање и прием:
• Техничка поддршка за пополнување на барањето:
• Признавање на странските свидетелства за завршено средно образование за упис во прва година на додипломските студиски програми:
• Признавање на додипломските документи од странство (диплома) за упис во прва година на постдипломски студии и признавање на делумно завршено образование во странство (дел од образованието) за препис (запишување во повисока година на студии 1, 2 и 3 степен): процесот го води овластено лице на факултетот / академијата (членовите на универзитетот), каде што кандидатот ќе се пријави за да студира
 
12. Година Плус (Year Plus) 
Интеграција во словенечката средина и студиите на Универзитетот во Љубљана
Целна група: странски студенти (1-ви и 2-ри степен) во првата година на студии на Универзитетот во Љубљана, без соодветно знаење на словенечки
• Доколку студентот добие најмалку 30 ЕКТС кредити, од кои најмалку 6 ЕКТС кредити од словенечки, има право да го продолжи статусот
• За да ги добие преостанатите ЕКТС кредити студентот избира други предмети од избраната студиска програма и други предмети од Година Плус
 
Почеток на академската година: 1 октомври
Крај на академската година: 30 септември
 
13. Школарина
Школарината се однесува на:
• Сите студенти од земјите надвор од Европската унија, со која Словенија има склучено билатерален договор (Словенија има склучено договори со Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово)
• Сите студенти кои претходно веќе имаат стекнато ист степен на образование
• Сите студенти од 3-ти степен
• Сите студенти од вонредните студии

14. Стипендии
Јавниот фонд за стипендии, развој, инвалидитет и издржување на Република Словенија
Дунајска цеста 22
1000 Љубљана
Словенија
 
Веб-страница: www.sklad-kadri.si
Е-пошта:
Телефон: +386 1434 10 80
 
15. Сместување
Студентски домови: Словенците без државјанство на Република Словенија кои добиваат стипендија од Република Словенија (Јавниот фонд за развој на човечки ресурси и стипендии на Република Словенија), може да побараат да добијат соба во студентски дом (www.stud-dom-lj.si)
 
Домови за постдипломци: за вработените студенти на докторските студии, кои имаат статус на млади истражувачи и студенти на докторски студии без словенечко државјанство и без статус на млад истражувач кои добиваат стипендија во Република Словенија
 
Информации за изнајмување на соби или апартмани
Институтот за Студентско советување,
Бесплатно посредување на соби м2
Веб-страница: www.mkvadrat.si
Е-пошта:
 
Други опции за изнајмување на соби или апартмани
www.nepremicnine.net
www.airbnb.com
www.housinganywhere.com
 
Привремено сместување
www.visitljubljana.si/en/accommodation
 
16. Виза и здравствено осигурување
Виза
Државјаните од земјите на коишто им е потребно да имаат виза за да влезат во Република Словенија, односно во Шенген зоната, освен важечки пасош исто така треба да имаат и виза
Претставништва низ светот: www.mzz.gov.si/si/predstavnistva_po_svetu
 
Здравствено осигурување
Завод за здравствено осигурување на Словенија: www.zzzs.si/en/
 
17. За сите студенти
Можности за работа
Студентски сервиси
www.studentski-servis.com/studenti/foreigners
 
Субвенционирани студентски оброци
секој работен ден - 2, 82 евра (со исклучок од 15 Јули до 15 Август)
во повеќе од 700 ресторани
цени: 2,82 -7,00 евра
www.studentska-prehrana.si
 
Субвенционирани превоз
subvencije.ijpp.si
 
18. Размена
На Универзитетот во Љубљана исто така можете да се пријавите за размена за еден или два семестри, во случај универзитетот на којшто сте запишани е партнер универзитет на Универзитетот во Љубљана

Рокови за пријавување:
15 мај за зимскиот семестар, односно за цела академска година
15 ноември за летниот семестар
 
Е-пошта:
 
19. Летна школа
Летните школи се одличен начин за подобрување на вашите академски знаења за време на летните одмори
 
20. Центарот за кариера на Универзитетот во Љубљана  
Сè е можно со навремено планирање на кариерата
• Индивидуално советување
• Работилници за побрза и поефикасна транзиција на пазарот на трудот
• Работилници за да се здобијат со дополнителни вештини и компетенции
• Денови на кариера
• Поврзување на настани со работодавците
 
Веб-страница: https://kc.uni-lj.si/en
Е-пошта:
 
21. Туторство и вон-наставни активности  
Со нас е полесно
Тутор им обезбедува на студентите од странство соодветна поддршка во нивните студии, административни прашања како и помош за да се интегрираат во студентскиот живот и новата култура
 
Вон-наставни активности
• Уметност и култура
• Социјални активности
• Спортски активности
 
22. Контакт
Е-пошта:
 
Покана за упис на Универзитетот во Љубљана