Go to content
Home page
  1. Top news
  2. Information guide for international students
  3. Bachelor's and Single-cycle master's degree programmes
  4. Master degree programmes
  5. Doctoral degree programmes
  6. Programmes and Subjects in English
  7. International Cooperation and Exchange
  8. Impressions
  9. Career centres, tutelage, extracurricular activities
  10. Summer school 2023
  11. Young Researchers
  12. Latest research news
  13. Student council
  14. University of Ljubljana member faculties and academies
  15. University ranking
  16. Useful contacts and quick overview
  17. Year plus
  18. Students with special needs and special status
  19. Admission procedure

ИЗБЕРЕТЕ ГИ ВИСТИНСКИТЕ СТУДИИ ЗА ВАС - ЗАПИШЕТЕ СЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЉУБЉАНА

Студентите од Северна Македонија студираат под еднакви услови како и словенечките студенти

Универзитетот во Љубљана е најголем и најстар универзитет во Словенија којшто се вбројува меѓу 3-те проценти најдобри во светот. Оваа учебна година на него студираат речиси 40 илјади студенти. Во последните неколку години, многу од странските студенти се од Северна Македонија. Оваа учебна година, на Универзитетот во Љубљана студираат 743 студенти, од кои 415 на додипломски студии и на униформни магистерски студиски програми, 290 на магистерски студии и 38 на докторски студии.


Словенија е посакувана дестинација со исклучителни искуства кои со задоволство ги споделуваме со вас. Таа е разновидна држава, во смисла на географија, историја. култура и јазик. За време на студиите, оставете време за откривање на чудесните зелени пејсажи каде што Алпите се среќаваат со Медитеранот и со Панонската Низина.

Словенија и Северна Македонија имаат склучено меѓудржавен договор врз основа на кој студентите од Северна Македонија се ослободени од плаќање школарина за додипломски и магистерски студии, освен ако веќе имаат стекнато еквивалентен степен на образование. Школарината е задолжителна за сите вонредни студенти и студентите на докторските студии, со можност за кофинансирање на докторски студии.

Универзитетот во Љубљана има 23 факултети и 3 уметнички академии од областа на општествените, хуманистичките, медицинските, технолошките науки, како и од уметноста и спортот, сите во согласност со Болоњскиот процес. Тоа дека нудиме студии во сите области на науката и уметноста станува се поретко и во глобални рамки. Нашата цел е студентите да ги користат стекнатото знаење и компетенции на најдобар можен начин во практиката. За време на студиите, студентите може да учествуваат во различни проекти и да станат дел од разновидната меѓународна заедница на професори и студенти.

Во споредба со другите држави, студентите во Словенија имаат доста поволности. Имаат субвенционирана храна и превоз и можат да се занимаваат со студентска работа. »Особено за странските студенти, на почетокот на учебната година, организираме ден за прием, на кој студентите добиваат информации од прва рака за студирањето при Универзитетот во Љубљана како и за животот во Љубљана и Словенија и со помош на тутори и други активности за поддршка им нудиме помош во вклучувањето во студиите и животот во Словенија. За полесно пристигнување во Словенија и започнување на студиите при УЉ, исто така изготвивме водич за добредојде« вели ректорот на Универзитетот во Љубљана, проф. др. Грегор Мајдич.

Нашата веб-страница ги содржи сите информации во врска со студирањето при Универзитетот во Љубљана – од расположливи студиски програми, услови и рокови за упис, дополнителни активности, кариерни можности, услови поради ковид-19 итн.
 

Fotografija: IFP d. o. oФото: IFP, d.o.o.

ПОВИК ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2022/2023

Сите информации за распишаните места може да се најдат на Повикот за упис.

Заинтересираните кандидати доставуваат пријава за упис со сите потребни прилози на portal eVŠ. Информации за роковите за пријавување има на нашата веб-страница. Ве повикуваме да ги погледнете видео-презентациитеза пријавувањето и доставувањето на соодветната документација.

Пријавите за 1-ва година на додипломски и на униформни магистерски студии кандидатите од Северна Македонија ги доставуваат електронски на веб-порталот eVŠ до 20 април 2022 година. Кандидатите кои се уште не завршиле средно образование ќе достават документи за признавање на средното образование до 1 август 2022 година, а оние кои веќе го завршиле до 20 април 2022 година.

Роковите за пријавување на магистерски и на докторски студиски програми се разликуваат и тие се објавени во Повикот за упис. Предлагаме да го проверите рокот за упис за посакуваната студиска програма. Исто така ве покануваме на учествувате на инфо-деновите за магистерски и докторски студии и да ги поставите сите ваши прашања.

Помош при постапката за упис и прием може исто така да се добие во рамките на Инфо-точката. Може да се пријавите и за онлајн консултации за постапката за упис на додипломски студии. Напоменуваме дека уписот при Универзитетот во Љубљана не налага користење на услуги од агенти и агенции за упис.

»Изборот на студии е една од најважните одлуки во вашиот живот. Предлагаме добро да размислите за тоа што ве прави среќни, зашто полесно се студира така. Посетете ги веб-страниците на факултетите што ве интересираат како и нивното присуство на социјалните мрежи. Ако ви треба помош или совет, контактирајте не или закажете онлајн консултации. Ќе се потрудиме да ги обезбедиме сите информации и одговори на прашањата што се уште ги имате. Ве повикуваме да не посетите навиртуелниот саем на образование "НА КОЈ ФАКУЛТЕТ ЌЕ ОДИШ?" и да ги погледнете виртуалните штандови каде што се претставуваат сите членови на Универзитетот во Љубљана (3 академии и 23 факултети). Исто така имаме подготвено разни веб-презентации, кои може да ви помогнат да се одлучите што да студирате. Во името на Универзитетот во Љубљана ви пожелувам успешно завршување на студиите и натамошно напредување во кариерата и се надевам дека ќе ве пречекам во Љубљана на есен.« вели ректорот на Универзитетот во Љубљана проф. др. Грегор Мајдич.


Дополнителна година и можност за учење на словенечки јазик

Бидејќи студиите се држат на словенечки јазик, а на некои студиски програми и на англиски или на други јазици, за полесно вклучување во словенечката средина и поуспешно студирање, странските студенти имаат можност да ја олеснат својата интеграција во словенечката средина и да студираат поуспешно со Година плус. „Година плус“ е склоп на содржини и предмети (покрај словенечки јазик) кој по исполнувањето на одредените услови им овозможува на странските студенти да го продолжат статусот на студент.

Има и разни курсеви по словенечки јазик, кои се одвиваат во живо или онлајн во форма на есенски, зимски, пролетни и летни школи како и бесплатниот онлајн курс Slonline. На Св. Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје исто така има лекторат за словенечки јазик.

Летни школи

Секоја година Универзитетот во Љубљана организира разни летни школи од различни подрачја: од бизнис и економија, право, општествени науки, до уметност, ветерина, теолошки и технолошки науки. Во рамките на летните школи од областа на словенечкиот јазик учесниците можат да го научат и подобрат својот словенечки јазик, а летните школи се и добра можност да се запознаат со словенечката култура и средина. Некои летни школи се наменети за ученици од основните училишта, други за ученици од средните училишта, за студенти на додипломски и постдипломски студии, како и за истражувачи и професори.

Искуства од странски студенти на Универзитетот во Љубљана

Универзитетот во Љубљана е отворен универзитет и сакаме колку што може повеќе странски студенти. Студентите се нашите најдобри амбасадори и затоа собравме различни впечатоци од студенти за студирањето при Универзитетот во Љубљана и за животот во Словенија и тие може да се најдат на нашата веб-страница.
 

Информации за студирање при Универзитетот на Љубљана

Сите информации за студиите може да се најдат на веб-страницата на Универзитетот во Љубљана.

Контакт:

  • Техничка помош за пополнување на пријавата за упис: , + 386 1 478 85 90
  • Процедура за пријавување и прием:
  • Признавање на странско средно образование:
  • Признавање на странско образование за упис на магистерски и докторски студии и за префрлување: ве молиме да го контактирате овластеното лице на релевантниот факлутет/академија
  • Докторска школа: uni-lj.si/doctoral_school
  • Година плус:
  • Курсеви по словенечки јазик:


FB: @unilj
IG: @univerza_v_ljubljani
LinkedIN: @University of Ljubljana
Youtube: Универзитет во Љубљана / University of Ljubljana


1. Словенија
Население: 2 милиони
Површина: 20,273 км2
Главен град: Љубљана
Официјален јазик: словенечки
Валута: Евро
Политички систем: демократска република
Членка на Европската унија од 2004 година
Највисок врв: Триглав (2864 m)
Крајбрежје: Јадранско Море (47 км крајбрежје)
 
2.  Љубљана
Главниот град на Словенија
Површина: 275 км2
Население: 293.822
Просечната температура во јануари: околу 0 °C
Просечната температура во јули: над 20 °C
Когресниот плоштад е еден од главните плоштади во Љубљана, на кој исто така е и седиштето на Универзитетот во Љубљана
 
3.  Универзитет во Љубљана
Основан е во 1919 година со 5 члена
Студиски области: Уметност, природа и технологија, јазици, општествени науки, економија, Инженерство, Медицина, Здравствени науки и спорт
 

Во моментов: 23 факултети и 3 уметнички академии 
1. Музичка академија
2. Академијата за театар, радио, филм и телевизија
3. Академијата за ликовни уметности и дизајн
4. Биотехнички факултет
5. Економски факултет
6. Факултет за архитектура
7. Факултет за општествени науки
8. Факултет за електротехника
9. Фармацевтски факултет
10. Факултет за градежништво и геодезија
11. Факултет за хемија и хемиска технологија
12. Факултет за математика и физика
13. Факултет за поморски студии и транспорт
14. Факултет за компјутери и информатика
15. Факултет за социјална работа
16. Машински факултет
17. Факултет за спорт
18. Факултет за управа
19. Филозофски факултет
20. Медицински факултет
21. Природно-математичкиот факултет
22. Педагошки факултет
23. Правен факултет
24. Теолошки факултет
25. Ветеринарен факултет
26. Факултет за здравствени науки
 
4.  Достигнувања
Меѓу најдобрите 3% од Универзитети во светот
 
5.  Универзитет во Љубљана
39.010 студенти
3.094 редовно запишани студенти од странство
2.110 странски студенти на размена кај нас
6.264 вработени
4.406 регистрирани истражувачи
370 млади истражувачи + 16 пост-док
186 долгорочни програми за истражување
585 ЕУ проекти
480 национални проекти 
 
6.  Меѓународни партнерства
630 спогодби
• 2.637 Erasmus спогодби
 
Области на соработка:
• Размена на ученици и вработени
• Заеднички истражувачки проекти и активности
• Заеднички конференции, семинари, работилници, симпозиуми, итн
• Заеднички програми, двојни дипломи
 
7.  Студиски програми 2022/2023
Додипломски студии и интегрирани магистерски студиски програми: 173 - ВРЕМЕНСКА РАМКА
Магистерски студиски програми: 215
Докторски студиски програми: 21
 
Структура:
3+2+3/4
4+1+3/4
5/6+3/4
Пребарај за програми
 
8.  Програми на англиски јазик
Додипломски студии и интегрирани магистерски студиски програми: 3
Магистерски студиски програми: 35
Докторски студиски програми: 21 (во случај, доколку се запишани и меѓународни студенти, предавачите и студентите го избираат јазикот, на кој ќе се одржуваат предавањата; меѓународните студенти и менторите комуницираат на англиски или друг странски јазик)
 
9.  Информативни денови

 10. Рокови за пријавување
Додипломски студии и интегрирани магистерски студиски програми

Магистерски студиски програми
Роковите за пријавување се објавени во огласот за запишување на секоја програма посебно (од мај до септември)
 
Докторски студиски програми
Рокови за пријавување од студиска програма до студиската програма се разликуваат (од мај до септември)

11.  Пријавата за упис и признавање на образованието во странство
• Кандидатот пријавата за упис и признавање на образованието во странство ги поднесува преку електронска апликација на порталот eVŠ
• Процес на аплицирање и прием:
• Техничка поддршка за пополнување на барањето:
• Признавање на странските свидетелства за завршено средно образование за упис во прва година на додипломските студиски програми:
• Признавање на додипломските документи од странство (диплома) за упис во прва година на постдипломски студии и признавање на делумно завршено образование во странство (дел од образованието) за препис (запишување во повисока година на студии 1, 2 и 3 степен): процесот го води овластено лице на факултетот / академијата (членовите на универзитетот), каде што кандидатот ќе се пријави за да студира
 
12. Година Плус (Year Plus) 
Интеграција во словенечката средина и студиите на Универзитетот во Љубљана
Целна група: странски студенти (1-ви и 2-ри степен) во првата година на студии на Универзитетот во Љубљана, без соодветно знаење на словенечки
• Доколку студентот добие најмалку 30 ЕКТС кредити, од кои најмалку 6 ЕКТС кредити од словенечки, има право да го продолжи статусот
• За да ги добие преостанатите ЕКТС кредити студентот избира други предмети од избраната студиска програма и други предмети од Година Плус
 
Почеток на академската година: 1 октомври
Крај на академската година: 30 септември
 
13. Школарина
Школарината се однесува на:
• Сите студенти од земјите надвор од Европската унија, со која Словенија има склучено билатерален договор (Словенија има склучено договори со Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово)
• Сите студенти кои претходно веќе имаат стекнато ист степен на образование
• Сите студенти од 3-ти степен
• Сите студенти од вонредните студии

14. Стипендии
Јавниот фонд за стипендии, развој, инвалидитет и издржување на Република Словенија
Дунајска цеста 22
1000 Љубљана
Словенија
 
Веб-страница: www.sklad-kadri.si
Е-пошта:
Телефон: +386 1434 10 80
 
15. Сместување
Студентски домови: Словенците без државјанство на Република Словенија кои добиваат стипендија од Република Словенија (Јавниот фонд за развој на човечки ресурси и стипендии на Република Словенија), може да побараат да добијат соба во студентски дом (www.stud-dom-lj.si)
 
Домови за постдипломци: за вработените студенти на докторските студии, кои имаат статус на млади истражувачи и студенти на докторски студии без словенечко државјанство и без статус на млад истражувач кои добиваат стипендија во Република Словенија
 
Информации за изнајмување на соби или апартмани
Институтот за Студентско советување,
Бесплатно посредување на соби м2
Веб-страница: www.mkvadrat.si
Е-пошта:
 
Други опции за изнајмување на соби или апартмани
www.nepremicnine.net
www.airbnb.com
www.housinganywhere.com
 
Привремено сместување
www.visitljubljana.si/en/accommodation
 
16. Виза и здравствено осигурување
Виза
Државјаните од земјите на коишто им е потребно да имаат виза за да влезат во Република Словенија, односно во Шенген зоната, освен важечки пасош исто така треба да имаат и виза
Претставништва низ светот: www.mzz.gov.si/si/predstavnistva_po_svetu
 
Здравствено осигурување
Завод за здравствено осигурување на Словенија: www.zzzs.si/en/
 
17. За сите студенти
Можности за работа
Студентски сервиси
www.studentski-servis.com/studenti/foreigners
 
Субвенционирани студентски оброци
секој работен ден - 2, 82 евра (со исклучок од 15 Јули до 15 Август)
во повеќе од 700 ресторани
цени: 2,82 -7,00 евра
www.studentska-prehrana.si
 
Субвенционирани превоз
subvencije.ijpp.si
 
18. Размена
На Универзитетот во Љубљана исто така можете да се пријавите за размена за еден или два семестри, во случај универзитетот на којшто сте запишани е партнер универзитет на Универзитетот во Љубљана

Рокови за пријавување:
15 мај за зимскиот семестар, односно за цела академска година
15 ноември за летниот семестар
 
Е-пошта:
 
19. Летна школа
Летните школи се одличен начин за подобрување на вашите академски знаења за време на летните одмори
 
20. Центарот за кариера на Универзитетот во Љубљана  
Сè е можно со навремено планирање на кариерата
• Индивидуално советување
• Работилници за побрза и поефикасна транзиција на пазарот на трудот
• Работилници за да се здобијат со дополнителни вештини и компетенции
• Денови на кариера
• Поврзување на настани со работодавците
 
Веб-страница: https://kc.uni-lj.si/en
Е-пошта:
 
21. Туторство и вон-наставни активности  
Со нас е полесно
Тутор им обезбедува на студентите од странство соодветна поддршка во нивните студии, административни прашања како и помош за да се интегрираат во студентскиот живот и новата култура
 
Вон-наставни активности
• Уметност и култура
• Социјални активности
• Спортски активности
 
22. Контакт
Е-пошта:
 
Покана за упис на Универзитетот во Љубљана